Достапни линкови

Друцас:До 2018 Србија ќе биде член на ЕУ


Шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас регионалната министерска конференција во Софија, изјави дека сите земји до Западен Балкан треба до 2014-та година да добијат прецизна рамка за влез во ЕУ. Друцас на својот српски колега Вук Јеремиќ му рекол дека Србија може да стане член на Унијата до 2018-та година јавуваат новинските агенции. Покрај Јеремиќ и Друцас на конференцијата учествуваше и бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов. На денешната средба тие разговарале за европската перспектива на Западен Балкан и за други прашања од регионално значење.
XS
SM
MD
LG