Достапни линкови

Притвор од 14 дена за Санадер


Австриското јавно обвинителство соопшти дека судија денеска го сослушал поранешниот хрватски премиер Иво Санадер и му одредил притвор од 14 дена. Министерот за надворешни работи на Австрија Михаел Шпинделегер очекува екстрадиција во Хрватска на Санадер. На маргините на медиски собир во Лех, тој наведе дека очекува Санадер да биде есктрадиран бидејќи постои барање од хрватските власти.
XS
SM
MD
LG