Достапни линкови

Барзани повика на право за самоопределување за ирачките Курди


Претседателот на ирачкиот Курдистан, автономна област на северот на Ирак, Масуд Барзани денес во Ербил побара Курдите да се стекнат со право за самоопределување. Барзани изјави дека ова прашање ќе се разгледува на денешниот конгресот на Демократската партија на Курдистан. На конгресот ќе присуствуваат ирачкиот претседател Џалал Талабани и премиерот Нури Ал Малики.
Ова е прв пат курдски лидер јавно да побара независност на ирачкиот Курдистан, област која веќе има голема автономија во однос на владата во Багдад.
XS
SM
MD
LG