Достапни линкови

Архијереи разрешени поради истрага за сексулна злоупотреба


Синодот на Цариградската патријаршија ја прифати оставката на тројца архијереи. Против двајца од нив во САД се води полициска истрага, додека третиот е од Канада и против него е покренато обвинение за сексулна злоупотреба на двјаца машки малолетници пред 25 години, јавува верската информативна агенција ВИА. Американската полиција покрена истрага против митрополитот Лулургаса по пријава дека сексуално малтретирал монахиња и парична малверзација. По истрагата на полицијата царигрскиот патријах Вартоломеј испратил комисија во Њујорк да го испита случајот, по што ги прифатил и оставките. Извештајот на комисијата не е достапен за јавноста.
XS
SM
MD
LG