Достапни линкови

logo-print

Нов гасовод од Туркменистан кон Индија


Туркменистан денеска на самитот во Ашхабад ќе потпише договор со Авганистан, Индија и Пакистан за гасоводна мрежа со која ќе се пренесува гас од Туркемнистан до Индија. Претседателот Гурбангулј Бердјмукамедоб изјави пред самитот дека 1700 километри долгата гасоводна мрежа е фактор за стабилност и оддржување на баланс меѓу европскиот и азискиот енергетски пазар. Планот за изградба на овој гасоводен проект кој чини 7,6 милиради долари датира од 1995, но се до приклучувањето на Индија и Пакистан, има постигнато мал напредок. Се очекува прокетот да биде готов до 2014-та година но аналитичарите предупредуваат дека поради нестабилноста на Авганистан , тешко може да се определи краен рок.
XS
SM
MD
LG