Достапни линкови

logo-print

(Не)Транспарентност на општинитe


Совет на општина Куманово

Совет на општина Куманово

Оштините во кумановскиот регион добија добра оценка за нивното на транспарентност, но сеуште треба да се менуваат, покажува истражувањето на НВО ,,Форум"

Деветмесечното истражување на НВО „Форум“ преку Центарот за социјален развој за нивото на транспарентноста на општините Куманово, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Липково и Старо Нагоричино од североисточниот регион покажува добра оценка, но тие сеуште треба да се менуваат. Анкетите покажале дека некои од градоначалниците се на став дека тие се главни во информирањето на граѓаните. Некои имаат неажурирани веб страни, некои
Транспарентноста на општините се одвива преку Законот за слободна достапност на информациите или преку некаков притисок, како и преку лице за односи со јавноста. Некои од опоштините имаат дневни билтени, се врши пренос на сседниците на советите
пак и воопшто немаат. Истражувањето е финансирано од швајцарскиот Центар за социјален развој, а Слаѓан Пенев од „Форум“ за стратегиски истражувања и документација вели:

„Транспарентноста на општините се одвива преку Законот за слободна достапност на информациите или преку некаков притисок, како и преку лице за односи со јавноста. Некои од опоштините имаат дневни билтени, се врши пренос на сседниците на советите.“

Вели Пенев и посочува дека Куманово како најголема локална самоуправа е една по позитивните во однос на транспарентноста и соработката со медиумите.

„Но веб сајтот е штур, не се ажурираат податоците.“

За се попопуларната социјална мрежа Фејсбук, Пенев вели дека и таа може да се искористи за комуникација со помладата популација и додава:

„За Фејсбук треба да се назначи едно одговорно лице кое ќе соработува со сите сектори и ќе комуницира со граѓаните преку овој медиум. Паметни
За Фејсбук треба да се назначи едно одговорно лице кое ќе соработува со сите сектори и ќе комуницира со граѓаните преку овој медиум. Паметни општини и тоа знаат да го искористат
општини и тоа знаат да го искористат. “

Вели Пенев.
Зоран Јачев ги спроведува обуките за транспарентноста на општините и објаснува дека не е транспарентност ако општината ги информира граѓаните за тоа што е направено туку, за она што планира да направи.

„Со време да ги најави своите активности и да побара подршка од граѓаните. Децентрализацијата подразбира носење на одлуки во интерес на граѓаните, а доколку не ги чуете граѓаните не знаете што е нивниот интерес.“

Александар Писарев, долгогодишен новинар и аналитичар во „Форум“ вели дека североисточниот регион опфаќа општини кои се од рурален каркатер, што е дополнителна тешкотија за контакт. Сепак позитивно е изненаден дека овој регион според перцепцијата на граѓаните има оценка 3,2. Таа би била повисока доколку општините Липково и Старо Нагоричино не добиле многу ниски оценки од нивните граѓани. Ниските оцени ја намалуваат вкупната просечна оценка за целиот регион. Куманово, Крива Паланка. Ранковце и Кратово заслужуваат оценка и над 4, но тоа не значи дека сите можности се исцрпени. Не се искористени сите алатки за трансарентност.

„Ниската оценка е и поради тоа што локалните самоуправи немаат доволна логистика преку другите институции. Општината Старо Нагоричино има само насловница на веб страна од 2005 година, на Липково воопшто нема,Ранковце не се отвара, Куманово има, но информациите се депласирани и не функционира добро. Крива Палнка има добра веб страна, а локалната телевизија ги пренесува седниците на советот.“

Писарев вели дека градоначалниците уште не ја сфатиле својата функција како што треба и сакаат се да држат под контрола.

„Не е општината транспарентна ако кај градоначалникот може да влегува кој кога сака. Ако е така кога градоначалникот ќе ги извршува своите функции.“

Според Писарев информирањето треба да биде спуштено на пониско ниво.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG