Достапни линкови

Избор на ново раководство на ЗНМ


Здружението на новинарите на Македонија денеска избира новото раководство. ЗНМ има 458 редовни членови, а Собранието полноправно ќе заседава со учество на 15 проценти од нив, како што предвидува Статутот. Досега има листа од шест кандидати за претседател на ЗНМ, кои веќе се објавени - Жарко Јорадновски, Мира Костиќ, Менде Младеновски, Назим Рашиди, Насер Селмани и Алјоша Симјановски. Првично, Изборното собрание требаше да се одржи на 20 ноември, но беше откажано поради големиот број новопријавени кандидатури за членови на ЗНМ и нелегални пријави на денот на изборот кога требаше да се изгласа ново раководство - претседател, Управен и Надзорен одбор, како и Совет на честа.
XS
SM
MD
LG