Достапни линкови

Санадер уапсен во Австрија


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска попладне е уапсен во Австрија, потврди хрватското министерство за внтарешни работи. Според неофицијални информации тој бил уапсен во Салцбург. Хрватската полиција денеска распиша потерница по Санадер под сомневање за злоупотреба на службената положба најверојатно во извлекување пари од државни фирми. Санадер вчера ја напушти Хрватска откако претходно му беше одземен пратеничкиот имунитет.
XS
SM
MD
LG