Достапни линкови

Напади во Пакистан, десетици загинати


Бомбаш самоубиец со трактор полн со експлозив влегол во една болница во пакистанскиот град Хангу при што загинале најмалку 14 луѓе. Агенциите јавуваат дека нападот бил извршен додека во болницата се молеле шиитски муслимани. Во меѓувреме, пакистанските власти соопштија дека во напад извршен од американско беспилотно летало врз едно возило во Северен Вазиристан биле убиени четворица милитанти. Овој регион е познат како засолниште на талибанците и на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG