Достапни линкови

Балканликс по урнекот на Викиликс


И Белене во документите на Балканликс

И Белене во документите на Балканликс

Аналогно на сајтот Викиликс од Бугарија е отворен сајт што се вика Балканликс, а во него се објавени стенограми од затворени седници на парламентарни комисии, енергетски договори и извештаи на бугарската државна безбедност и Агенцијата за борба со организиран криминал.
Почетната страница ги известува читателите како најбезбедно да се достават информации, а анонимни автори на сајтот гарантираат дека таа ќе биде објавена откако ќе биде проверена.
На сајтот може да се прочитаат меморандуми за изградба на Белене, информации што ги поседувал поранешниот директор на Агенцијата за разговор меѓу тогашниот министер за внатрешни работи Румен Петков и браќата Гелеви. Поставен е и договорот меѓу бугарски Булгаргас и руски Гаспром како и извештај на државната безбедност поднесен од поранешен агент до бугарскиот премиер Бојко Борисов.
XS
SM
MD
LG