Достапни линкови

Државата продава парцела на Мал Ринг во Скопје


Министерството за транспорт и врски објави оглас за јавно наддавање за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на катна гаража во општина Центар.
Станува збор за една градежна парцела со вкупна површина од 801 метри квадратни, предвидена со детален урбанистички план во централно градско подрачје на Скопје „Мал Ринг" донесен со одлука од страна на Советот на општина Центар.
За градежна парцела е изработен идеен проект, потребен за добивање решение за локациски услови во надлежната општина, а врз основа на кој во натамошна постапка ќе се изработи и Основен проект, што ќе го одобри комисија формирана за таа потреба од страна на министерот за транспорт и врски. Почетна цена на јавното наддавање изнесува 7.600 денари за метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 5 јануари 2011 година.
XS
SM
MD
LG