Достапни линкови

logo-print

Викиликс - за истрагата против Иво Санадер


Иво Санадер

Иво Санадер

Главниот државен обвинител на Хрватска, Младен Бајиќ во јануари годинава на американски дипломат му кажал дека против поранешниот премиер Иво Санадер се води истрага за неколку случаи на корупција, се наведува во објавените тајни документи на „Викиликс“.
Обвинителите спроведуваат истрага против поранешниот премиер, која во најмалку еден случај би можело да резултира со обвинение, а откриваат и докази во неколку други случаи во кои Санадер бил вмешан, изјавил Бајиќ пред американскиот амбасадор во Загреб, се наведува во документите на „Викиликс“, што ги објави „Гардијан“.
Весникот пишува дека според документите од „Викиликс“ се стекнува слика за Хрватска како земја проткаена со корупција, но исто така и се оддава признание на кампањата против борбата со корупцијата на актуелната Влада на Јадранка Косор.
XS
SM
MD
LG