Достапни линкови

logo-print

Ставревски очекува банките да ги намалат каматите


Министерот за финансии Зоран Ставрески во наредната година очекува зголемување на кредитната активност на банките и намалување на каматните стапки, а основа за тоа, како што смета, е земената кредитна линија од 480 милиони евра од ММФ и заживувањето и стабилизирањето на македонската економија.
Тој очекува банките да ги земат предвид овие анализи и тоа да доведе до намалување на каматните стапки. Според него, тоа се сепак процеси кои во еден посткризен период не можат да се случат одеднаш, иако евидентна е тенденцијата дека за подобрите клиенти веќе има извесно намалување на каматните стапки.
Според директорот на НЛБ Тутунска банка и претседател на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија Ѓорѓи Јанќевски, банкарскиот сектор согласно сигналите од НБРМ во текот на оваа година ги намали каматните стапки и се очекува наскоро анализа за тоа колку изнесува просечното намалување на каматните стапки.
XS
SM
MD
LG