Достапни линкови

logo-print

Поддршка за преговори?


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Повеќе земји испратиле позитивен одговор на писмото на министерот Милошоски, на Македонија да и се одреди датум за преговори, велат од МНР без детали кои се тие земји.

Покрај оваа информација, од Македонското министерство за надворешни работи не понудија детали за тоа кои земји како реагирале на дипломатскиот допис и единствено дополнуваат дека за сега, се чека реакција од Грчка страна. Од грчкото МНР за сега нема официјална реакција за писмото, откако портпаролот на министерството реагираше за начинот на кој било испратено. Наводно, официјална Атина прво дознала за дописот преку медиумите, а дури потоа биле известени по факс. Од тука и прашањето: Ако навистина има интензивна комуникација меѓу Скопје и Атина како што тврдат македонските власти, зошто грчките власти тврдат дека се информирани преку медиумите?
Политикологот Здравко Савевски вели дека напредокот во преговорите за името не секогаш може да се процени по информациите кои се пласираат во јавноста:
Така што не мора да значи дека ако нема информација во јавноста дека не се одвиваат преговори и разговори.


,,Така што не мора да значи дека ако нема информација во јавноста дека не се одвиваат преговори и разговори. Од друга страна ако грчкото министерство, грчката влада негира дека примила таква порака, тоа може само да биде на чисто внатрешен план изјава која сметале дека е пригодна."

Проблемот со писмото, преку кое шефот на македонската дипломатија бара подршка за одредување датум за преговори, е во содржината, смета Савевски:

,,Даваше впечаток дека повторно имаше некои ситни ,,боцкања" до грчката страна кои едноставно нема позитивно да ги примат од грчка страна и само дополнително на таков начин се влошува ситуацијата."
Даваше впечаток дека повторно имаше некои ситни ,,боцкања" до грчката страна ...

Преговорите со името не се актуелни само во поглед на дипломатските дописи. Демократската унија за интеграција деновиве ја оспори иницијативата за предвремени избори на Социјалдемократскиот сојуз токму со фактот дека за сега нема решение за името. Пратеникот на ДУИ Тахир Хани го објаснува ставот на неговата политичка партија.

Министерот Милошоски со медијаторот Нимиц
,,Ние мислиме дека предвремените избори треба да имаат една единствена клучна цел, а таа клучна цел е да се постигне решение за името."
Запрашан дали ДУИ имаконкретен предлог за можно решение на билатералниот проблем, Хани одговара:

,,Се очекува да доаѓа од страна на медијаторот Метју Нимиц."

Инаку, наспроти македонско-грчките преписки и изјави, Брисел повикува Балканот наместо на минатото, да се фокусира на иднината.
XS
SM
MD
LG