Достапни линкови

Викиликс: Македонија со разумни ставови за јазикот


Во документ на американската дипломатија од минатогодишниот состанок во Стокхолм на Европската унија што го објавува интернет страницата Викиликс се посочува оценката на американскиот помошник државен секретар Филип Гордон дека Македонија има разумни образложенија за македонскиот јазик и за именувањето на државјанството. ,,Македонците треба да попуштат за прашања како именувањето на аеродромот. Потребно е двете страни да попуштат за одредени прашања,, се цитира Гордон кој додал дека без разлика дали е фер или не можеби ќе мора да се направи компромис за името за да се напредува во процесот на евроинтеграција.
XS
SM
MD
LG