Достапни линкови

Документарен филм за Водици во Охрид


Охрид

Охрид

Филмскиот режисер од Охрид Илија Пиперкоски премиерно ќе го прикаже првиот документарен филм снимен за верскиот празник на Христовото крштевање, Водици во Охрид, под наслов "Чистилиште на душата".

Младиот и талентиран филмски режисер од Охрид Илија Пиперкоски на 24-ти декември во Центарот за култура во неговиот град премиерно ќе го прикаже првиот документарен филм снимен годинава за верскиот празник на Христовото крштевање, Водици во Охрид, под наслов "Чистилиште на душата". Пиперкоски, кој е попишан и како сценарист и продуцент на филмот, што го реализира со четири сниматели од Романија, каде тој живее и работи, најавува едно сосема ново, поинакво видување на најмасовната прослава на празникот, што со посебен пиетет и култ го чествуваат
Со оглед на фактот што дури и како мало дете се имам капено за време на "Водици", целиот живот ја имав идеата да го прикажам овој празник на начин јас како што го гледам. Најинтересно ми било како истите луѓе секогаш го фаќале крстот. Постојано ги слушам граѓаните како зборуваат и се прашуваат како овие, како тие, што е финтата, дали е наместена целата работа?
Охриѓани.

,,Со оглед на фактот што дури и како мало дете се имам капено за време на "Водици", целиот живот ја имав идеата да го прикажам овој празник на начин јас како што го гледам. Најинтересно ми било како истите луѓе секогаш го фаќале крстот. Постојано ги слушам граѓаните како зборуваат и се прашуваат како овие, како тие, што е финтата, дали е наместена целата работа? Па така си реков, еден ден ќе соберам екипа и финансиски средства, и да снимам документарец, со кој ќе се прикаже "Водици" на начин и со слика што до сега не е видено."

Вели Пиперкоски, кој повеќевековната традиција на фрлањето на крстот во водите на Охридското Езеро, преку филмот ќе ја претстави пред светската јавност, со што ќе се популаризираат Охрид и Македонија.

,,Целта ми беше да се афирмира оваа наша традиција, за ширење на православието. Филмот е наменет пред се за странската публика и странските филмски фестивали, да му кажеме на светот со што се радуваме, која е нашата традиција, што е нашето секојдневие. Мислам дека начинот на прослава на "Водици" кај нас е уникатен, не само за овие простори, туку и за целото православие и целиот Христијански свет. Во преговори сум со неколку познати светски дистрибутери кои сакаат да го преземат филмот не само на кино фестивали, туку и на телевизиски канали како "Травел каналот", "Нешенл џеографик", "Дискавери" и други."

потенцира Пиперкоски, чиј филм, снимен под вода и на земја по патот и на светиот крст, се најавува како контроверзен, кој веројатно ќе отвори жешка дебата за оваа своевидна мистика што секогаш ја бранува Охридската и Македонската јавност. Пиперкоски кој сега го снима неговиот најнов среднометражен игран филм, првиот хорор во Романија, каде тој е седум години и работи како асистент по режија, реализира пет филмски проекти. Преку нив поаѓајќи од личните приказни на луѓето, ги пренесува своите гледања, ставови и визии. Тој порачува дека филмот сигурно не може да го смени светот, но може да поттикне дискусии како почеток на еволуција на умот, за подобро утре.

,,Се снимаат многу повеќе филмови во Романија, таму има многу голем пазар не само за филмови, туку и за маркетинг, се снимаат многу реклами и доста странски филмови. Има две филмски студија во Букурешт, во кои Ван Дам има снимено пет филмови, Стивен Сигал три, а Весли Снајпс има снимано седум филмови. Ние во Македонија немаме ниту три димензионални кина, имаме само две три кино сали во Скопје и џебни кина по другите градови."

Вели Пиперкоски споредувајќи ја филмската и кино сцена во Романија и Македонија, каде тој вели дека му е единствениот дом и дека е можно еден ден да се врати во Охрид и тука да работи на неговата режисерско професија. Илија е задоволен и исполнет млад човек, кој со отворени очи го живее неговиот сон, чии дела идната година ќе ги види светската публика на повеќе странски филмски фестивали.
XS
SM
MD
LG