Достапни линкови

logo-print

Белград бара од косовските срби да ги бојкотираат неделните предвремени парламентарни избори. Но за разлика од претходните гласања, овојпат само малкумина го слушаат белградскиот глас.

Кога Косово прогласи независност од Србија, Слаѓана Вукадиновиќ реши да остане во новата независна држава.

Како и другите етнички срби на Косово и оваа учителка ги слушаше повиците од Белград за бојкот на изборите како дел од напорите да се дискредитираат властите во Приштина.

Сега таа вели дека има намера да гласа и оти тоа може да придонесе за подобрување на животот на нејзиното семејство.

,,Ако ние не се бориме, тогаш кој ќе се бори? Повиците траат веќе пет години и јас ги прифаќав. Но јас од Србија не добивам ништо, намалена ми е платата, бенефициите укинати. Во Србија немам ништо, тука немам ништо.,,

На првите косовски избори што ќе се одржат по прогласувањето на
Зошто, зошто да гласам. Ајде објаснете ми. За жал судбината на србите се решава во Хаг и во Европската унија и во Америка, а јас таму немам право да гласам.

независноста во февруари 2008 година, околу милион и 600 илјади гласачи ќе можат да избираат меѓу 1265 кандидати од 29 партии за 120 места во парламентот.

Дваесет од местата се резервирани за етничките малцинства, вклучувајќи и 10 кои се гарантирани за српски кандидати.

Како и на претходните Белград бара бојкот што многу срби на Косово го поддржуваат.

Меѓу нив е и пензионерката Снежана Борзановиќ која живее во Приштина

,,Зошто, зошто да гласам. Ајде објаснете ми. За жал судбината на србите се решава во Хаг и во Европската унија и во Америка, а јас таму немам право да гласам.,,


Аналитичарите велат дека за повеќето срби е тешко да ја прифатат новата реалност дека се етничко малцинство со оглед на фактот што поголемиот дел од својот живот таму го минале како мнозинство.

,,Политички и психолошки проблем е за србите да сфатат дека сега живеат во држава која се вика Косово, а не Србија.,,

Вели Азем Власи, адвокат од Приштина и поранешен косовски функционер.
За време на предизборната кампања двете главни партии Демократската на премиерот во заминување Хашим Тачи и Демократскиот сојуз на Косово, според посматрачите, не успеале да понудат јасни планови за она што најмногу ги мачи косовските граѓани, скоро 50 процентна невработеност, непостоечка економија и голема корупција.

Политички и психолошки проблем е за србите да сфатат дека сега живеат во држава која се вика Косово, а не Србија.


Предвремените избори беа иницирани откако владата ја напушти Демократскиот сојуз кој пак сега се соочува со внатрепартиски поделби.

Свое место на изборите традиционално ќе има и Алијансата за иднината на Косово на Хашкиот затвореник Рамуш Харадинај, а за прв пат ќе се тркаат и Самоопределување и партијата Фер кои ќе се обидат да ги придобијат младите гласачи. Половина од двата милиона жители на Косово се млади под 25 години.

Самоопределување со идејата сите албанци на Балканот да живеат во една држава, а Фер со технократскиот пристап на владеење.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG