Достапни линкови

Меѓународна потерница по Санадер


Хрватската полиција денеска издаде потерница по поранешниот премиер Иво Санадер, а, како што јавуваат медиумите, денеска бил извршен и претрес во неговата куќа во Загреб. Потерницата е издадена врз основа на барањето на Уредот за борба против корупцијата и организираниот криминал поради сомневање за злоупотреба на неговите овластувања. Вчера на Санадер му беше одземен пратеничкиот мандат по што тој заминал од земјата. Санадер преку неговиот адвокат порачал дека бил на претходно договорено патување и оти ќе се врател во Хрватска.
XS
SM
MD
LG