Достапни линкови

Јанакиески - Излез за жителите на Ногаевци преку Кочилари


Владата ја задолжи „Македонија пат“ да го пробие и да го истампонира локалниот пат помеѓу селата Ногаевци и Кочилари, во должина од шест километри, за да се овозможи нормална патна комуникација за жителите на Ногаевци.
Ова го изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој доцна синоќа по седницата на Владата, го посети Ногаевци во општина Градско.
Надојдениот Вардар, во неделата, го урна мостот кај селото Ногаевци. Единствениот излез за 400 жители на селото сега е патот преку Кочилари по кој се вози само со теренско возило.
XS
SM
MD
LG