Достапни линкови

Нобелова награда за мир - Србија, сепак ќе присуствува


Денеска во Осло ќе му биде доделена Нобеловата награда за мир на кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо, но тој нема да биде присутен на доделувањето. Ксиаобо издржува 11-годишна затворска казна во Кина. Кина, како и осумнаесет други земји - меѓу кои и Русија, Казахстан, Иран, Ирак и Авганистан нема да испратат официјални претставници на церемонија. Србија, под притисок на ЕУ, во последен момент се предомисли и соопшти дека ќе испрати претставник на доделувањето.
Официјален Пекинг соопшти дека оние кои ќе присуствуваат на доделувањето покажуваат непочитувње кон Кина. Меѓународните организации за човекови права го критикуваат Пекинг дека ги спречил пријателите и семејството на Ксиаобо да присуствуваат на церемонијата.
XS
SM
MD
LG