Достапни линкови

Временска прогноза - Студено време и повремен снег


Времето ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег. Ќе дува силен ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од околу 100 километри на час. Температурата значително ќе опадне и ќе се движи од минус пет до два степени.
Во Скопје и околината, многу студено време, со силен ветер и повремен слаб снег, особено претпладне.
За време на викендот и во текот на следната недела времето ќе се задржи променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег.
XS
SM
MD
LG