Достапни линкови

Од капиталните инвестиции ќе се офајдат странците?


Собрание

Собрание

Повеќе од 40 отсто од парите предвидени за капитални инвестиции ќе се одлеат во странство, а македонското стопанство нема да се офајди од нив, обвинува пратеникот Јован Манасијевски од ЛДП. Власта се фали со развоен буџет и рекордни 374 милиони евра за капитални инвестиции. Собранието ја почна расправата за буџетот за 2011 година - власта не прифати ни еден од повеќе од 540 предложени амандмани.

Расипнички и неразвоен, анти-албански или домаќински и развоен буџет?! Опозицијата обвинува дека предлог-буџетот за 2011 година е нереален и скроен за зголемено трошење на владата. За владејачкото мнозинство, пак, предложениот буџет е реален - домаќински и развоен, се предвидува зголемување на капиталните инвестиции за 30 отсто. Пратениците од власта сметаат дека ако се реализира предложениот буџет, Македонија ќе го достигне нивото на економски раст од 2005 година.

Со предлогот на буџетот е предвидено државата догодина да собере 2,4 милијарди евра, а да потроши 2,6 милијарди евра. Дефицитот е проектиран на 188 милиони евра, односно на 2,5 отсто. Се предвидува, дефицитот да се финансира главно со кредити од меѓународни финансиски институции, како и од други задолжувања во странство. Власта предвидува раст на економијата од 3,5 отсто за наредната година.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народна банка Петар Гошев

На собраниската расправа за буџетот се повторија истите работи што се зборуваа изминатиов месец на Комисијата за финансирање и буџет – и власта и опозицијата си стојат на кажаното.

Министерот за финансии Зоран Ставрески, во образложението на предлогот, рече дека наредната година невработеноста ќе се намалува, инфлацијата ќе остане ниска и оти
Оваа година има мало, но сепак значајно поместување во насока на повисока реализација на капиталните расходи, која што е за десетина проценти повисока отколку истиот период лани, преклани и другите години.
курсот на денарот нема да се менува.
Предвидени се 374 милиони евра за капитални инвестиции.

„Оваа година има мало, но сепак значајно поместување во насока на повисока реализација на капиталните расходи, која што е за десетина проценти повисока отколку истиот период лани, преклани и другите години.

Фактот дека нема многу проекти покажува па и дека овие проекти има шанси побрзо да се реализираат бидејќи нема тендерски постапки допрва и документација, туку едноставно се работи за позрели проекти кои што би требало да може да се финализираат, баарем еден дел, во следната година.“

Овие проценки за опозицијата се нереални. Повеќе од 40 отсто од парите предвидени за капитални инвестиции ќе се одлеат во странство и земјава нема да има никаква корист од нив, критикува пратеникот Јован Манасијевски од ЛДП.

Јован Манасијевски, претседател на ЛДП

„Автобусите од Украина и од Кина, жичарницата од Австрија, спомениците од Италија, сега гледаме и од Србија. Бидејќи Фиренца не може да постигне, вклучени се и дополнителни леарници. Меѓутоа вие го криете тој податок – Колку од овие наводни 374 милиони евра ќе ја помогнат македонската економија, а колку ќе значат одлив во странски економии и на тој начин
Автобусите од Украина и од Кина, жичарницата од Австрија, спомениците од Италија, сега гледаме и од Србија. Бидејќи Фиренца не може да постигне, вклучени се и дополнителни леарници. Меѓутоа вие го криете тој податок – Колку од овие наводни 374 милиони евра ќе ја помогнат македонската економија, а колку ќе значат одлив во странски економии и на тој начин притисок врз платниот биланс на земјата?
притисок врз платниот биланс на земјата? Значи престанете да ја манипулирате македонската јавност! Не е ова помош на македонското стопанство. Ова е одмогнување на македонското стопанство.“

Манасијевски вели и дека нема анализа за тоа како и колку од тие инвестиции треба да се вратат.

Опозицискиот СДСМ повторно ја искритикува власта за неспособност и повика на предвремени избори. Покажаа црвен картон за скроениот буџет. Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ го нападна проектот Скопје 2014. Спомениците не се капитални инвестиции, вели тој.

„Вие инвестирате во лавови, бикови и шмизли, а тоа не знам како ќе ја развие државата. Набројте ми една земја во светот што се развила со инвестиции во административни згради, во споменици, во восочни фигури, па ако сакате и во тениски игралишта, во спортски сали... Набројте ми една!“

Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, сметаат дека проекциите се реални. Додека немаше криза растот беше солиден, а кризата полека изминува, вели пратеникот Миле Пачемски од ВМРО-ДПМНЕ.

„70 отсто од нашето производство оди во ЕУ, а исто така и таа заздравува. Така што извозот, пред се на металите и на некои земјоделски производи, ни дава надеж дека сепак ќе имаме добар извоз, ќе имаме добар прилив на девизи и на тој начин би имале добра проекција, односно добар показател за економскиот раст во 2011 година.“

Пратениците од Нова демократија, пак, обвинија дека буџетот е анти-албански, анти-државен, анти-НАТО и анти-ЕУ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG