Достапни линкови

Британските студенти повторно протестираат


Британската полиција ги запре гневните студенти што протестираа марширајќи кон парламентот во Лондон, каде што пратениците расправаат за планот тројно да се зголеми школарината на факултетите во Англија. Студентите ги урнаа барикадите што ги постави полицијата за да го зајакне безбедносниот кордон околу паралментот. Маршот генерално беше мирен, и покрај малите инциденти.
Отакaко владата одлучи да ја покачи максималната универзитетска школарина од три на девет илјади фунти годишно, во Англија протестираат илјадници студенти. Дел од протестите беа насилни.
XS
SM
MD
LG