Достапни линкови

Наумовски:Проширувањето е во интерес и на самата ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски денеска во Брисел на конференцијата за Западен Балкан изјави дека е потребна поголема вклученост на европските институции во елиминирање на т.н. замореност од проширување.Тој додаде дека проширувањето е во интерес и на самата ЕУ. Наумовски изјави дека државите од Западниот Балкан мора да бидат 100 отсто подготвени за членство но особена одговорност за проширувањето имаат државите соседи, а одамна се држави - членки на Унијата, затоа што, како што вели, и по 50 години ние повторно ќе бидеме соседи во ЕУ.
XS
SM
MD
LG