Достапни линкови

Нобеловата награда не е обид да и се наметнат на Кина „ западни вредности“


Комитетот за доделување на Нобеловата Награда соопшти денеска дека доделувањето на наградата на кинескиот дисидент Лиу Џиабао се базира на универзалните човекови права. Во соопштението се наведува дека одлуката не претставува обид да и се наметнат на Кина „западни вредности“ затоа што тоа се глобални стандарди кои важат за сите земји членки на Обединетите Нации.Украина се предомисли реши да присуствува на церемонијата во Осло.Во Кина денеска се доделува Конфучиевата надрада за мир, што е своевиден пандан на Нобеловата награда за мир. Наградата ќе ја добие поранешниот заменик претседател на Тајван Лиен Чан.
XS
SM
MD
LG