Достапни линкови

Собранието на 13 декември ќе расправа за предлогот за предвремени избори


Собранието в понеделник ќе расправа за предлогот на СДСМ за распуштање на Парламентот. Од кабинетот на претседателот на Собранието соопштуваат дека Предлог - измените на Изборниот законик ќе бидат ставени на првата наредна редовна седница на Собранието,ќе биде закажана на 27 декември. По протесниот марш во неделата СДСМ достави до парламентот три барања: измени на изборниот закон, предлог за формирање комисија која ќе изврши контрола на избирачкиот список и барање за распуштање на Парламентот. Синоќа владечката партија ВМРО ДПМНЕ на седница на Извршниот комитет реши да не го прифати предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG