Достапни линкови

Исламски центар нападнат со молотов коктел во Берлин


Германската полиција соопшти дека Исламски културен центар во Берлин денеска бил нападнат со молотов коктел.Ова е шести обид годинава да се подметне пожар во исламска институција во германскиот главен град. Исламскиот центар бил во сопственост на иранската заедница. До сега никој не е повреден при овие напади, но не се пронајдени ни напаѓачите.
XS
SM
MD
LG