Достапни линкови

logo-print

Реакции за изборите


Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ одлучи да нема предвремени избори

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ одлучи да нема предвремени избори

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да нема предвремени избори, наидува на различен прием кај политичките партии. За СДСМ одлуката е кукавичка.

За некои од партиите, ова е сосема очекуван потег на владејачката коалиција. За други пак, ова само значи продлабочување на внатрешната криза и враќање неколку години назад. Демократската Унија за интеграција ја поддржува одлуката на нивниот коалиционен партнер. И тие како и во
На Македонија сега и треба поголема храброст кај политичките актери за да го деблокираат интеграцискиот процес преку решавање на спорот за името. Write Your Quote Here ...
ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека сега не е најповолен момент за избори. Ермира Мехмети од оваа партија вели дека засега е најважно да се деблокираат евроинтегративните процеси во земјава, преку решение на спорот со името.

,,На Македонија сега и треба поголема храброст кај политичките актери за да го деблокираат интеграцискиот процес преку решавање на спорот за името. Очекуваме да се создаде таква клима."

За Социјалдемократскиот сојуз, партијата која поднесе иницијатива за распуштање на парламентот и повика на предвремени избори, ваквата одлука е кукавичка. После вчера вечер оваа влада на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја сметаме за нелегитимна, рече потпретседателот на партијата, Гордан Горгиев.

,,После вчерашната кукавичка одлука, Груевски покажа дека и самиот не верува повеќе во своите нарачани анкети. Груевски и фамилијата бегаат од изборите затоа што во недела на 5-ти декември, народот се изјасни на вистинската анкета."

Од Нова демократија велат дека не се изненадени од овој потег на владата. Жалат што не го прифатиле предизвикот да излезат на предвремени избори.
На земјата и е потребна една нова политика која за приоритет ќе ги има приоритетите на граѓаните, а не личните интереси на коалиционите партии

,,На земјата и е потребна една нова политика која за приоритет ќе ги има приоритетите на граѓаните, а не личните интереси на коалиционите партии."

изјави Сулејман Рушити од Нова демократија.
За Роза Топузова-Кареска од Либерално демократската партија, апсолутното мнозинство во парламентот и дава право на владејачката коалиција да постапува така и да донесува одлуки кои само нејзе и одговараат.
Од протестот на СДСМ

,,ЛДП поддржуваше предвремени избори затоа што смета дека оваа власт го искористи целокупниот свој кредибилитет и треба да си замине со една единствена цел, приближување на земјата кон евроатланските интеграции."

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека во моментот нема објективни причини за предвремени избори. Но, сепак додаваат дека дури и ако во овој момент се распишат избори, предноста на коалицијата За подобра Македонија ќе и овозможила сигурен нов четиригодишен мандат.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG