Достапни линкови

logo-print

Македонија да ги подобри меѓуетничките односи


Томас Кантримен

Томас Кантримен

Соединетите Држави ја подржуваат Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија што е дел од напорите за промоција на мирот и стабилноста на Балканот, изјави Томас Кантримен, американски заменик помошник државен секретар на сослушувањето во Хелсиншката комисија на Конгресот, посветено на Балканот. Тој оцени дека Македонија ги исполнила речиси сите технички стандарди поставени од Европската Унија и оти Европската Комисија препорача почеток на преговорите за членство.



"За да се задржи овој позитивен импулс, ја охрабруваме македонската влада да го утврди како приоритет подобрувањето на меѓу-етничките односи така што ќе ги спроведува и одредбите и духот на Охридскиот договор. Македонија мора и натаму да остане фокусирана врз реформите, пред се кога станува збор за владеењето на правото”.

Кантримен додаде дека е најважно што поскоро да биде решен спорот меѓу Скопје и Атина за името, а Вашингтон ги подржува напорите на посредникот Метју Нимиц и ќе прифати секое решение за кое ќе се договорат двете страни. Инаку, според Томас Кантримен, борбата против корупцијата и организираниот криминал е клучниот предизвик за балканските земји.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG