Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука-нема предвремени избори


Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа одлучи да не го прифати предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори. Во соопштението од партијата се наведува дека во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата. Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат дека во 2008 година прифатиле предвремени избори за да се деблокира Собранието и да се продолжи со реформите. Од владеачката партија соопштуваат дека доколку сега се распишат предвремени парламентарни избори предноста на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ќе овозможи најмалку двојно повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ отколку СДСМ и сигурен нов четиригодишен мандат.
XS
SM
MD
LG