Достапни линкови

ЕУ со критика за Србија поради Нобеловата награда


Европската унија остро ја критикува одлуката на Србија да го бојкотира доделувањето на Нобеловата награда за мир. Церемонијата ќе ја бојкотираат 19 држави. Портпаролката на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Ангела Филоте рече дека ЕУ е „разочарана и загрижена“ за постапката на Белград.
Нобеловата награда за мир му се доделува на кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо, кој моментално издржува 11-годишна затворска казна во Кина.
Се смета дека одлуката на Белград е поврзана со подршката на Кина во српската кампања против сецесијата на Косово. Пекинг јго бојкотираше доделувањето на Нобеловата награда за мир на финскиот дипломат Марти Ахтисари во 2008.
Белград го смета Ахтисари за еден од главните инжинери на косовската независност
XS
SM
MD
LG