Достапни линкови

Пожар во затвор во Чиле, 83 загинати


Во пожар во затвор во главниот град на Чиле Сантијаго загинаа најмалку 83 затвореници, а многумина се сериозно повредени, јавуваат светските агенции. Според извештаите, огнот избувнал по тепачка меѓу ривалски банди, кои подметнале оган во душеците за спиење.
Иако во затворот имало место за 700 затвореници, во него биле сместени 1.900.
Пожарникарите интервенирале два часа по избувнување на пожарот . Роднините на затворениците за државната телевизија изјавија дека полицијата ја затворила вратата на затворот, и го попречила пристапот на пожарникари.
XS
SM
MD
LG