Достапни линкови

Белорусија, Казахстан и Русија на разговори за Царинска унија.


Лидерите на Белорусија, Казахстан и Русија се среќаваат во Москва на разговори за неодамна формираната Царинска унија. Сепак, во пресрет на разговорите, рускиот премиер Владимир Путин и неговиот белоруски колега Сергеј Сидорски не успеаја да се договорат за извозните давачки за нафта. Се очекуваше, ваквите трошоци да бидат укинати во Царинската унија. Споровите за енергетските такси и цени меѓу Русија, Украина и Белорусија во минатото предизивикуваа проблеми во испораката во делови од Европа.
XS
SM
MD
LG