Достапни линкови

logo-print

Обама се сретна со Коморовски


Американскиот претседател Барак Обама денеска му се се заблагодари на полскиот претседател Бронислав Коморовски за поддршката за новиот СТАРТ договор меѓу САД и Русија за намалување на вооружувањето. Договорот го потпишаа претседателите на САД и Русија во април, но се уште не е ратификуван во американскиот Сенат. Денешната средбата во Вашингтон на Коморовски и Обама следуваше по објавувањето на документи во Викиликс во кои се спомнуваат американско-полските односи.
XS
SM
MD
LG