Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџад размислува за нуклеарна „трампа“


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави денеска дека Техеран е подготвен да преговара во јануари во Истамбул за можна размена на нуклеарно гориво. Ахмадинеџад додаде дека Иран може да биде заинтересиран за обновување на договорот склучен минатата година според кој земјата би извезувала дел од своите резерви на осиромашен ураниум во замена за збогатен материјал за истражувачкиот реактор. Првиот состанок годинава на преговарачките тимови во Женева заврши со договор за следен состанок во Истамбул.
XS
SM
MD
LG