Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ ја осуди одлуката на Апелационен суд за Сејдиу


ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како срамна и неприфатлива одлуката на Апелацискиот суд за ослободување на кумановскиот „тутунски бос“ Бајруш Сејдиу од притвор. Во соопштението се наведува дека со таа одлука му се нанесува удар на македонското судство и дека се сомневаат оти зад оваа одлука можеби стои корупција од највисок ранг.
Во продолжението на соопштението се вели дека партијата го почитува легитимното право на судовите да донесуваат одлуки но смета дека се работи за очигледен преседан.
Случајот за кој се гони Бајруш Сајдиу е типичен пример за организиран криминал во кој се вмешани поголем број на луѓе, оценува партијата.
XS
SM
MD
LG