Достапни линкови

Ердоган сака да тужи американски дипломати поради Викиликс


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган формирал комисија која ќе ги истражува можностите за поднесување тужба против американските дипломати кои според објавеното во Викиликс тврдат дека има сметки во швајцарски банки. Новинските агенции јавуваат дека Комисијата планира да ги почека објавувањето на новите дипломатски преписки кои ги најави Викиликс. Во дел од документите се тврди дека Ердоган и неговите блиски биле вмешани во корупција. Претходно тускиот премиер ги негираше ваквите тврдење и вети дека ќе поднесе оставка доколку се докаже дека се точни.
XS
SM
MD
LG