Достапни линкови

Дали на кумановци на крајот на оваа година ќе им се повтори минатогодишниот проблем со водоснабдувањето?

Директорите на двете налдежни претпријатија за водоснабдување „Водовoд“ и „Водостопанство-Кумановско-липковско поле“ сеуште не ги испеглале ставовите,а и долговите не се подмирени. Двете акумулации Липково и Глажња имаат доволно вода, системот е во катастрофална состојба,особено по 2001-та година, меѓутоа Дејан Божиновски од „Водостопанство“ вели;
За жал приоритетниот проблем последната година ипол сеуште не е решен.Во тек се разговори со „Водовод“ кои одат мошне тешко.Клучните работи се цената на водата,веќе цела година „Водостопанство“ има наплатено само годишен надоместок и половина фактура за половина јануари и тоа со присилна наплата
решен.Во тек се разговори со „Водовод“ кои одат мошне тешко.Клучните работи се цената на водата,веќе цела година „Водостопанство“ има наплатено само годишен надоместок и половина фактура за половина јануари и тоа со присилна наплата. Останатите долгови се во судските процедури,така да сме ставени пред многу сериозни размислувања како понатаму, како со буџетот за 2011 година!“

Директор на „Водостопанство додава дека разговорите помеѓу двете претпријатија кои градот го снабдуваат со витален продукт одат преку натегања во однос на цената на водата на граѓаните. „Водовод“ на „Водостопанство му должи околу 25 милиони денари само за десет месеци од оваа година. Не е потпишан Договор за купопридажба на водата за што Виктор Божиновски директор на „Водовод“ вели:

„Доближени се ставовите за потпишување договор кој ќе подразбира вкупни количини вода кои „Водостопанство“ треба да ги испорача на „Водовод“ во тек на една година и ќе биде формирана цената по која „Водовод“ ќе ја плаќа сировата вода што ја набавува од „Водостопанство.“

РСЕ: Дали ќе се случи минатогодишниот проблем со водата?
„Јас лично се надевам дека нема да случи минатогодоишниот проблем.“

И директорот на „Водостопанство“ се согласува дека ставовите се доближени,меѓутоа:

„Ставовите се доближуваат во однос на цената во однос на државата, но „Водовод“ не ја признава таа цена. Проблемот што стои пред „Водовод“ е како да се оправдаат пред граѓаните за покачување на цената на водата. Да се покаже дека некој друг е виновен за тоа. Договорот е законска обврска.
Проблемот што стои пред „Водовод“ е како да се оправдаат пред граѓаните за покачување на цената на водата
Долгот ќе доведе во опасност да прекинеме водоснабдување. “

И покрај оптимизмот дека кумановци нема да останат без вода, директорот на „Водостопанство“ упатува на фактот:

„Не само финансиската состојба, тука е буџетот за 2011 година ,ДДВ, тоа не се техничките работи.Не принудува проблемот да го решиме до крајот на оваа година. По 2011 година нема да можеме да вршиме корекции, ако тие продолжат висината на цената на водата да ја префрлат на „Водостопанство“, ние ќе бидеме принудени цената да се помери. Разговорите се во таа насока да не се покачи цената на граѓаните, по стапка за вода.“

Тој вели дека „Водовод“ сака да воведе нова стапка за водата за пречистителни станици:

„Тоа е негов, не е наш проблем.“

Договорот пак за дистрибуција на водата според Дејан Божиновски е:

„Законска обврска за да наплатиме вода,ако договорот е потпишан, а за 30 дена не е платено, пак сме во иста состојба. Меѓутоа, мора д абидеме разумни бидејќи се работи за вода како основен продукт.“

И покрај тоа што двете претпријатија работат во интерес на граѓаните кои услугите ги плаќаат редовно, непознато е дали претстојните празници ќе бидат снабдени со вода.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG