Достапни линкови

logo-print

Пожар во затвор во Чиле, над 80 затвореници загинаа


Најмалку 81 затвореник денеска загина а девет други се тешко повредени при пожар во затвор во главниот град на Чиле Сантијаго. Се уште не познато што го предизвикало пожарот во затворот. Новинските агенции јавуваат дека во затворот имало вкупно 1900 затвореници наместо 700 колку што е предвидено. Роднините на затворениците изјавиле за државната телевизија дека полицијата ги затворила сите пристапи до затворот со што им попречиле на пожарникарите да пристапат.
XS
SM
MD
LG