Достапни линкови

Србија нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата Награда


Србија нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир на кинескиот дисидент Луи Џиаобо. Претседателот на одборот за Југоисточна Европа во Европскиот парламент Едвард Кукан изрази жалење за одлуката на Србија да го бојкотира овој настан затоа што, како што вели, тој потег ќе испрати лош сигнал во Брисел. Комитетот за Нобелова награда соопшти дека 19 земји нема да присуствуваат на церемонијата во Осло. Кина имено се противи што Комитетот реши наградата да му ја даде на кинескиот дисиден Лиу Џиабао.
XS
SM
MD
LG