Достапни линкови

Македонија ќе земе кредит од ММФ во износ од 480 милиони евра


Македонија во наредните две години ќе користи кредит од Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 480 милиони евра. Ова денеска на заедничка прес конференција го соопштија шефот на мисијата на ММФ за Македонија Вес Мек Гру, вицепремирот Зоран Ставрески и гувернерот на Народна Банка Петар Гошев. Одлуката за новата кредитна линија треба да ја потврди Бордот на директори на ММФ во јануари.Генералниот директор на ММФ Доминик Штраус Кан со писмена изјава ја поздрави одлуката за кредината линија за претпазливост. Тој додаде дека Македонија е првата земја што ќе го користи новиот инструмент на фондот.
XS
SM
MD
LG