Достапни линкови

Домашната експертска јавност со различни размислувања за дипломатската активност на нашите институции пред самитот на Европската Унија во Брисел.

За дел од експертите лобирањата, зачестените контакти и средби со европратеници, како и сличните потези на македонската дипломатија се непродуктивни. Професорот Денко Малески вели дека главната кочница за добивање датум за преговори останува нерешениот спор за името, па оттука сосема е непотребно да се убедуваат земјите членки на Унијата да одредат датум за преговори, вели тој.
тие едноставно нема да го срушат својот сојуз ниту пак ќе ја исклучат Грција за да ја примат Македонија

,,Независно од било какви симпатии кои што може да постојат кон Македонија и сочувство со оваа ситуација во која сме ставени, тие едноставно нема да го срушат својот сојуз ниту пак ќе ја исклучат Грција за да ја примат Македонија."

Професорот Димитар Мирчев пак смета дека надлежните институции го прават тоа што треба да го направат, пред се заради како што вели нашата совест и за да не се доведеме во ситуација некој да ни каже дека не сме направиле доволно.
Проф. Др. Денко Малески

,,Барем ги изјаснуваме нашите ставови затоа што нашите односи со Унијата се правно уредени, со партиски однос и официјално правно важи извештајот на ЕК кој е позитивен и во кој се препорачува почеток на преговорите."

Но, дали земјава може да се надева на некакви позитивни забелешки по Самитот, и колку таквите лобирања може да ни помогнат откако неодамна македонскиот пратеник Влатко
Горчев вербално го нападна европратеникот Ерван Фуере? Проф. Малески укажува дека јазикот на дипломатската комуникација мора да биде внимателно одбран.
Мислам дека е погрешно она што нашава дипломатија го разбира, а тоа е некаков си ,,фајтерски" однос кон странците. Тоа навистина создава некаква илузија дома дека ние ништо правиме и измамува аплауз од електоратот


,,Мислам дека е погрешно она што нашава дипломатија го разбира, а тоа е некаков си ,,фајтерски" однос кон странците. Тоа навистина создава некаква илузија дома дека ние ништо правиме и измамува аплауз од електоратот што е толку потребен за избори, меѓутоа апсолутно ништо не решава на меѓународната сцена."

Мирчев пак смета дека инцидентите од овој вид, не влијаат врз мислењето на земјите членки во Унијата. Се работи за моментално недоразбирање кое не фрла сенка врз одлуките на Унијата, вели Мирчев.

,,Мислам дека не влијаат на стратешките односи на Комисијата"

Мирчев посочува дека македонската влада бара датум за почнување на преговорите со Унијата, а во меѓувреме продолжување на македонско-грчкиот дијалог за спорот. Малески пак смета дека преку интензивните активности владата се труди да ги убеди европските соговорници дека не е во состојба да го реши ова прашање, но бидејќи мора да покаже некаква активност пред домашниот електорат се труди да издејствува датум за преговори.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG