Достапни линкови

Тирана и Белград повторно ќе се поврзат со авио линија


Албанија и Србија следната година планираат да отворат воздушна линија, која ќе ги поврзува главните градови Тирана и Белград.
Ваквите планови на двете земји ги соопшти албанскиот министер за економија, енергетика и трговија Илир Мета.
На бизнис форум во Тирана е истакнато дека во првата половина од 2011 година националниот авиопревозник на Албанија ќе започне да сообраќа до Белград.
Претставник на цивилното воздухопловство на Србија ги поздрави ваквите намери, додавајќи дека до 2008 година српскиот национален авиопревозник вршел летови до главните градови на двете држави.
XS
SM
MD
LG