Достапни линкови

„Херцег-Босна“ во Босна?


Тројно Претседателство на БиХ - Жељко Комшиќ, Небојша Радмановиќ и Баќир Изетбеговиќ

Тројно Претседателство на БиХ - Жељко Комшиќ, Небојша Радмановиќ и Баќир Изетбеговиќ

Дали третиот ентитет во БиХ е решение или е проблем? Како и да е, последнава година преставниците на босанските хрвати се повеке бараат воспоставување на трет –хрватски ентитет во БиХ. Тоа му оди на рака на Милорад Додик од Република Српска.

Преставниците на хрватите во Босна и Херцеговина тврдат дека хрватскиот народ може да добие целосна афирмација низ поставување на своја админстративно територијална единица. Никој од нив, меѓутоа, како што јавува нашиот дописник од Сарево, не кажува на која територија точно и со кои пари би се финансирала. Но, Претседателот на ХДЗ во БиХ Драган Чавиќ вели дека за неговата партија најдобро е поделба на средно ниво на власта на 4 федерални единици – Сарево плус три за секој народ по една политичко економска единица. Хрватите вели Чавиќ, се за енитет со хрватско мнозинство во Мостар.
Босна не може да преживее ако и во Уставот не е рамноправна држава на сите народи ...

„Што се однесува до хрватите ние изнесовме јасен став. Босна не може да преживее ако и во Уставот не е рамноправна држава на сите народи. За мене е незамисливо да се прават измени на Уставот а еден народ да биде апсолутно елиминиран од него“.
Состанок на друштвото Херцег - Босна

Добрите познавачи на приликите во БиХ не спорат дека Дејтонскиот договор е неправеден давајки му ексклузивитет на српскиот народ со ентитетот Република Српска а исовремено сместувајки ги бошњаците и хрватите во федерација составена од 10 кантони. Во таа смисла инститиционалното прашање на хрватите во Босна не е решено, вели публицистот Иван Ловреновиќ.

„Сигурен сум дека пред се станува збор за некакво завземање позиции пред она што сите го очекуваат а тоа е некаков нов редизајн на Босна и Херцеговина. Тоа е нужно во БиХ за да согледа реалната потреба и да се најде начин државата да тргне напред и да функционира“
Тој вели да се обнови Херцег-Босна. Работата за нив би ја завршил всушност Додик.

Формирањето трет ентитет му одговара на Милорад Додик лидер на Република Српска вели новинарот Мирко Шагољ.

„Тој вели да се обнови Херцег-Босна. Јас не знам што му е цел на ова сегашно ХДЗ но тие како да сакаат прво да се осамостојат па да се одвојат. Работата за нив би ја завршил вусшност Додик.“
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG