Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ утре на седница ќе решава за предвремени избори


На состанокот на претседателите и претставниците на партиите на владеачката коалицијата „За подобра Македонија“ беа разгледани актуелните барања на СДСМ, и беа направени анализи од повеќе аспекти. Oва го изјави директорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски по вечерашната консулатативна средба. Тој додаде дека во текот на утрешниот ден Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница на која ќе ги разгледа сите овие аспекти и ќе информира за натамошните чекори.
XS
SM
MD
LG