Достапни линкови

Одбиено барањето за кауција за Асанж


Британскиот суд го одби барањето за кауција на основачот на Викиликс Џулијан Асанж по денешното сослушување во судот. Тој ќе остане во притвор до 14 декември. Асаж денеска беше уапсен во Лондон по меѓународна потерница издадена од Шведска каде е обвинет за сексуално насилство.
Неговиот адвокат ги отфрли обвинувањата и тврди дека овој случај е политички мотивиран.
Виса денеска соопшти дека ги суспендира сите сметки на Викиликс, следејќи го сличниот пример од претходно со сметките на сервисот Пејпал.
XS
SM
MD
LG