Достапни линкови

logo-print

Поплави во прилепско


Поплавен земјоделскиот род во село Чепигово

Поплавен земјоделскиот род во село Чепигово

Водената стихија целосно го поплави атарот на селото Чепигово. Земјоделскиот род е под вода, земјоделците во паника од штетите.

Зоран Трпкоски е земјоделец од прилепското село Чепигово. Тој деновиве остана без целиот род посеан во десетиците декари обработливи ниви, кои се се уште под вода. Водената стихија само за неколку часа го поплави атарот на селото, ја наполни и неговата шупа, каде што го чува тутунот, спремен за последната манипулација.
Оваа вода надојде за 5 до 6 саати, од два три метра, ако продолжи вака може и куќата да ми ја фати


,,Оваа вода надојде за 5 до 6 саати, од два три метра, ако продолжи вака може и куќата да ми ја фати."

Поплави во Чепигово
Вели Трпкоски. Тој се уште не направил процена на штетите кои што ги трпи од оваа елементарна непогода, но затоа пак неговиот соселанец Борче Ртоски знае дека повеќе од 14 000 евра ќе го чинат годинешните поплави, кои вели се последица на неодговорниот однос на локалните власти.
Ние имаме огромни штети, штети над 1000 хектари имаме поплавено што ништо нема да добиеме од житарицата


,,Ние имаме огромни штети, штети над 1000 хектари имаме поплавено што ништо нема да добиеме од житарицата."

Истакнува Ртоски. Жителите трпат огромни штети зашто велат поплавен им е целиот род, а сите семејства живеат исклучиво од земјоделство. Но, не само годинава, велат при секој поголем дожд се соочуваат со истата мака.

,,Седумдесет отсто од нашето поле е поплавено. Загрозени ни се сите житарици, пред се јачмен, пченица, рж и тие култури. Тоа подразбира дека не
можеме да ги обработиме лесно и оние ниви кои ги спремаме за пролетна култура. Се обраќаме до подрачната единица на Министерстерството за
Седумдесет отсто од нашето поле е поплавено. Загрозени ни се сите житарици, пред се јачмен, пченица, рж и тие култури
земјоделство во Прилеп, но од таму нема никаква реакција."

Вели Зоран Дебрешлиоски. Своите реакции мештаните ги упатуваат на адреса на локалната власт, но никој не сака да ги чуе нивните барања како што тврдат.

,,Поплавен е целиот атар на селото Чепигово. Неколку дена еве трае ова, немам преземено никакви мерки, нема дојдено никој да не види. Во проект било влезено да се чисти блатово во 2011 година, а еве наназад 10 години, истиот проблем го имаме."

Реагира Николче Дебрешлиоски.Но,од Регионалниот центар за справување со кризи велат причината за оваа елементарна непогода лежи всушност во несовесното однесување на месното население. Дел жители ги земеле и ги користеле вреќите со песок за свои потреби, предизвикувајќи излевање на водата од коритото на градската река во атарот на четирите села. Сепак од Центарот смируваат дека во соработка со јавното водостопанско претпријатие се преземаат системски мерки за трајно решавање на проблемот во овој регион.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG