Достапни линкови

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж денеска, како што соопшти британската полиција, бил уапсен во Лондон.

Основачот на Викиликс 39 годишниот австралиец Џулијан Асанж, како што јавуваат агенциите, денеска бил упасен во Британија. Претходно неговиот адвокат Џенифер Робинсон изјави дека Асанж изразил подготвеност да се сретне со британската полиција во врска со обвинувањата за шест кривични дела.

,,Господин Асанж се уште не ги видел сите обвинувања против него на јазикот што го разбира, односно англискиот, и тоа е јасно кршење на неговите човекови права во рамките на Европската конвенција за човекови права.,,


По Асанж Интерпол има распишано потерница побарана од Шведска за силување и малтретирање. Асанж ги отфрли ваквите обвинувања како политички мотивирани.

,,Тој како австралиски граѓанин има право да се врати во Австралија. Тоа е факт. Но исто така, тој е свесен дека Австралија има договорени обврски да им помага на земјите каде што се води кривична истрага за некој нејзин државјанин.,,

Вели австралискиот јавен обвинител Роберт Мекклиленд, додавајќи дека Асанж има право на конзуларна помош во врска со секое кривично обвинување со кое може да се соочи во странство.

Господин Асанж се уште не ги видел сите обвинувања против него на јазикот што го разбира, односно англискиот, и тоа е јасно кршење на неговите човекови права во рамките.



Инаку, во најновите тајни документи на американскта дипломатија што се појавија на Викиликс, а кои ги објавува лондонски Гардијан, еден од петте светски весници кои го имаат тоа ексклузивно право, се наведува дека по кратката војна меѓу Русија и Грузија во 2008 година, НАТО ги проширил плановите за одбрана на Балтичките земји и на Полска.

Во телеграмите се прецизира дека Соединетите држави понудиле да распоредат маринци и авиони од типот Еф 16 на Балтикот и покрај политиката на ресетирање на односите со Русија.

Претходно беше оценето дека тајниот список на американската влада на клучни инфраструктурни места во светот, датиран од февруари минатата година, според дипломатите, претставува најконтроверзниот доверлив документ што досега бил објавен на интернет страницата Викиликс.

Државниот секретар Хилари Клинтон изјави дека списокот бил украден од американската влада и оти неговото објавување е длабоко вознемирувачко. Според неа, тој би можело да им наштети на пријателите и партнерите на Соединетите држави.


Во списокот се наведени места како например, рудници и компании кои се дел од оружени системи, гасоводи и нафтоводи, пристаништа и фабрики за лекови и вакцини низ целиот свет.

Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули оцени дека објавувањето на такви информации е како давање листа со цели на терористички групи како што е Ал Каеда.

Американскиот јавен обвинител Ерик Холдер најави дека ќе се работи околу можното казнување на оние што биле виновни за објавувањето на списокот.

Викиликс стана субјект на кривична истрага во Соединетите држави откако почна да објавува околу 250 илјади доверливи телеграми на американската дипломатија.

Претходно на оваа страница беа објавени тајни документи што се однесуваат на војните во Ирак и во Авганистан.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG