Достапни линкови

Аргентина ја призна Палестина


Аргентинската влада и се придружи на бразилската во признавањето на Палестина. Во соопштението на министерството за надворешни работи се наведува дека Аргентина признава палестинска држава во рамките на границите од 1967 година, односно пред Шест дневната војна во која Израел ги освои Појасот Газа и Западниот Брег. Во петокот Бразил донесе иста одлука по што Израел изрази жалење, наведувајќи дека е можна палестинска држава, но само преку преговори меѓу израелците и палестинците.
XS
SM
MD
LG