Достапни линкови

Британските војници догодина си одат од Авганистан


Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека британските сили ќе почнат во идната година да го напуштаат Авганистан. Ова тој го рече за време на неговата ненадејна посета на британската воена база Кемп Бастион во Авганистан. Британија има околу 9 ипол илјади војници претежно разместени во провинцијата Хелманд, едно од најсилните упоришта на талибанците. Според планот на владата, британските борбени сили би требло целосно да бидат повлечени од Авагнистан до 2015 година.
XS
SM
MD
LG